Изминатиот викенд во Тетово беше одржано третото коло од екипното првенство на Македонија, каде настапи и подмладениот тим од клубот на Алексо Огненовски со петмина свои натпреварувачи. Тие забележаа две победи и три порази.
Победи за Охридскиот табор извојуваа младиот Филип Мајкиќ и капитенот Наум Стојаноски, додека поразени беа Давид Најдески, Кристијан Стојаноски и Петар Трајчески.
За издвојување е и успешниот настап во уводните борби на младиот Тео Аврамоски кој претставува голема иднина за охридскиот клуб.
Тео е голем талент на клубот и веќе од следната сезона ќе се здобие со право на настап на јавни натпревари каде со сигурност ќе го покаже својот голем потенцијал и раскош во оваа благородна вештина – истакнуваат од клубот.
Во идниот период како дел од репрезентацијата охриѓанецот Наум Стојаноски ќе настапи на силните турнири “Београдски победник” и Загреб гран при” по што следи државното првенство и последното коло од Опен Балкан лигата и меморијалниот турнир “Алексо Огненовски” кој ќе се одржи во Охрид на 6-ти јуни. На турнирот учество ќе земат боксери од Македонија, Србија, Црна гора , Хрватска и Албанија и ќе биде емитуван во живо на Арена фајт каналот со почеток од 17 часот.
OhridNews















