На првиот ден од пролетта ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна темпаратура во Охрид ќе достигне до 19 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток. 

OhridNews