За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда, информира УХМР Македонија.

OhridNews