Времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

OhridNews