Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион сончево ќе достигне до 26 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

И во недела ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

OhridNews