Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Слично време не очекува и во вторник. Ќе биде цончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. 

OhridNews