Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во Охрид слично време со максимална температура до 24 степени.

Топлото време ќе се задржи до понеделник. Во сабота од крајот на денот и преку ноќта кон недела во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд.

OhridNews