Времето денеска  ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе настапи зголемување на облачноста. 

Ќе дува умерен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се движи до 8 степени.

Како што информираат од АМСМ, на сите патни правци низ државата сообраќајот се одвива нормално без забрани и ограничувања, по претежно суви и чисти коловози и добра видливост. На повисоките места Стража, Маврово, Крушево, Железнец како и во Гостивар дува силен северен ветер.

На возачите им препорачуваме внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено низ клисурите каде е можна појава од поситни одрони.