Времето денес сончево со мала до умерена, а во западните делови зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид, минимална температура од 1, а максималната ќе го достигне 9 степен целзиусов.

Во понеделник под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува врнежите да бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер кога ќе има опаѓање на дневните температури, а во деновите потоа ќе бидат во позначителен пораст.

 

OhridNews