Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.

OhridNews