Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

OhridNews