Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Во Охрид времето денес претпладне сончево со умерена облачност, а попладне со услови за дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура до 13 степени.

Утре и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

OhridNews