Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини. Попладне ќе има услови за повремен слаб локалан дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.
OhridNews












