Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

OhridNews