Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Времето во следните деови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност утре ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
OhridNews













