Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

OhridNews