На регионалниот пат Струга – Дебар, во селото Велешта, вчера, околу 16 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со австриски регистарски ознаки, управувано од 42-годишно лице од село Добовјани и товарно моторно возило-Влекач „Ман“ со охридски регистарски ознаки,  управувано од 35-годишно лице од Делогожда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле едно 52-годишно лице од Охрид и  80-годишен жител на Велешта, сопатници во патничкото возило, додека две лица од Добовјани, се здобиле со телесни повреди.

На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но поради сериозноста на повредите, двете лица со тешки повреди се пренесени во болницата „Св.Еразмо“, каде се задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Струга.

OhridNews