Вчера, во 10 часот и 40 минути на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, на крстосницата кај хотел Белведере се случи сообраќајна незгоода во која учествуваа две патнички моторни возила, Фиат со албански регистарски таблици и Тојота со македонски регистарски таблици.


До незгодата дошло во моментот кога Фиатот кој се движел по десната сообраќајна лента во правец од Охрид кон Св. Наум , свртел во лево со намера да продолжи да се движи во обратен правец кон Охрид. При тоа, со преднниот лев дел од возилото се судрил со предниот десен дел од второто возило, Тојота, кое се движело по левата сообраќајна лента при што возилото излетало од коловозот во земјениот дел покрај патот.


Извршен е увид на лице место. Повредени нема, предизвикана е материјална штета.

OhridNews