Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани за движење и по претежно влажни коловози, соопшти АМСМ.

На планинските превои Стража и Попова Шапка се бележат слаби врнежи од снег, истиот се задржува на коловозот и таму движењето на возилата е отежнато. Слаби врнежи од снег се бележат и на Маврово, Крушево и Буково, но таму снегот не задржува на коловозоот. Поради ниските температури има појава на голомразица, на планинските превои, мостовите и осојничавите места. На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење на влажните коловози со појава на голомразица, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно и на почестите поситни одрони низ клисурите и засеците, особено на патниот правец Маврово – Дебар каде е најчеста појавата на одрони и лизгања на земјиште. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

Потсетување за возачите на нивната законска обврска, за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.