Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Штрајкот на грчките земјоделци продолжува поради што граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Поради појава на магла, видливоста е намалена на 30-50 метри во Павлешенци и 50-100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

OhridNews