Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, без забрани, по влажни коловози, информираат од АМСМ. На некои од повисоките места, има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка, Страцин и Смојмирово.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

OhridNews