Обилните врнежи коишто го зафатија Пелагонискиот регион ноќеска , како и презаситеноста со вода на почвата предизвикаа поплавување на најмалку 2.500 хектари во регионот, а локалното население вели дека најдраматично е во општина Могила. Надлежните служби од ноќта се на теренот и се справуваат со ситуацијата, но велат дека со оглед на тоа што врнежите продолжуваат никој не може точно да го предвиди текот на настаните.

Последните дождови критично го зголемија нивото на водотеците во регионот на Пелагониско поле. Поради ова поголеми површини останаа под вода. Ситуацијата веднаш ги алармираше надлежните власти коишто со механизација излегоа на терен за да спречат поголеми последици врз населените места. Подготвоките беа во тек уште пред да отпочнат врнежите со оглед на тоа што невремето се најавуваше и претходно.

Сепак, обилните врнежи и презаситеноста на почвата предизвикаа поплавување на најмалку 2.500 хектари површини низ Пелагонија. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека најдраматична е ситуацијата е во општина Могила.Критична точка е селото Ношпал. Расте и нивото на реката Црна заканувајќи се на места да предизвика излевања.

Во Пелагонија во моментов според првичните процени најмалку 2.000 до 2500 хектари се под вода. Целосно не функционира системот за одводнување, бидејќи нивото на река Црна е застрашувачки високо.

OhridNews

извор Макфакс