Претпладнево СВР Охрид, добил пријава од Јавното претпријатие „Градски пазар“ во Охрид, дека во времето од 18 до 19 септември, сопственик на угостителски објект во пазарот, неовластено преместил и оштетил 12 тезги, со одобрение поставени во просториите на пазарот.

Увид на местото извршија полициски екипи. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews