Четрнаесетпласираниот тим во Франција, Сошо оствари сензационална победа над водечкиот во лигата ПСЖ со 3-2. Херој на Сошо е Бакамбу, кој за победа погоди во 82-та минута.

“Светците“ имаа предност од 1-0 со голот на Алекс, но до финишот на првиот дел домаќините изедначија со погодокот на Рудет. Сошо комплетен пресврт направи на стартот од вторите 45 минути со голот на Сио, а Сако донесе егал 2-2. Бакамбу во 82-та минута на фудбалерите на ПСЖ им го зададе последниот удар, од кој неможеа да се сосеземат и го претрпеа четвртиот пораз сезонава.

Табела : ПСЖ 51, Лион 48, Олимпик Марсеј 46, Ница 42 . . .

Мх.П.