Пациентот од Охрид кај кој е дијагностициран корона вирус е во добра општа здравствена состојба, изјави попладнево на прес конференција на прашање на OhridNews заменик министерот за здравство Арбенд Аслани. Запрашан дали заболениот бил во самоизолација, колку ја почитувал мерката и што се презема во врска со овој случај, Аслани истакна дека случајот внимателно се следи и се постапува според стручната проценка на епидемиолошките служби.
Ние ги имаме сите информации на располагање и преземени се сите мерки од аспект на тоа како да се постапува во конкретниот случај во согласност со епидемиолошките проценки. Во контакт сме со локалниот Центар за јавно здравје и во координација со Институтот за јавно здравје секојдневно разменуваме информации. Во конкретниот случај сите се контактирани и преземени се соодветни мерки, а во однос на почитувањето на самоизолацијата нашите служби работат на тоа и се преземaaт мерки. – изјави Аслани.

Г.М.











