Во Охрид според податоците на Центарот за јавно здравје минатата недела  регистрирани биле 127 лица кај кои е утврдено заболување од сезонски грип. Меѓу нив нема лица со инфлуенца од типот А ( X1 H1) .

Се претпоставува дека бројот на заболени од сезонски грип е поголем, со оглед на тоа што заболените често пати не одат на лекар, туку на своја рака се лекуваат. Од центарот апелираат до матичните лекари да ги пријавуваат заболените со цел да се има прецизен увид во нивниот број на ниво на општина Охрид.

Лекарите советуваат да не се земаат антибиотици без совет на матичниот лекар, да се пијат повеќе течности, витамин ц, како и често проветрување на просториите.

На ниво на Македонија  досега се регистрирани вкупно 7.824 заболени од грип, а од 159 извршени лабораториски анализи, кај 35 лица е утврдено заболување од сезонски грип, а кај 15 инфлуенца од типот А ( X1 H1).

Од Комисијата за пандемски грип  велат дека имајќи предвид дека е во тек сезоната на грип како и поради почетокот на второто полугодие од учебната година, во следниот период може да се очекува зголемување на бројот на заболени.

OhridNews