Во просториите на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид се одржа советување на тема „Важноста на оралното здравје“. Стоматологот Д-р Кристина Стојаноска Алоска ги запозна присутните со значењето на оралното здравје и одговараше на бројните прашања на присутните.

-Ова е почеток на мојата соработка со членовите од ова здружение која се надевам ќе продолжи.- истакна Д-р Стојаноска Алоска.

-Вакво советување за прв пат се одржа за нашите членови, кои покажаа голем интерес за корисните совети за оралното здравје. – рече Славица Стефаноска, секретар на Здружението на глуви и наглуви од Охрид.

OhridNews