Изгласани Извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за третиот квартал и Извешатите за реализација на програмите за истиот овој период на одржаната дваесетта седница на Советот на Општона Охрид.
Координаторката на советничката група на СДСМ, Живка Ангелоска со забелешка за нереализацијата на големи проекти, додавјаќи дека кога се разгледува еден извештај колкав е процентот на реализација, треба да се земе во предвид и структурата односно кои активности се реалзирани, односно не се.
Извештаите по програмите недвосмислено јасно го даваат одговорот на забелешките кои во повеќе наврати беа дадени, а се работи за ветени проекти кои секако очекуваме да бидат реализираи во наредниот период. Дел од нив со ребалансите беа отстранети, а за дел од нив беа симболично ставени одредени средства коишто очекував дека ќе бидат реализирани во овој период. За потсетување, проектот за реконструкција на Крушевска Република од 30 милиони во основниот буџет беше намален на средства од само 2 милиони денари за само пред две недели целосно да го отстраниме од буџетот. За уредување на паркот кај споменикот на А. Ден Долард беа предвидени со основниот буџет 2,5 милиони денари за потоа да бидат намалени на 300 илјади денари со објаснување дека ќе биде изготвен изведбен проект, но во извештајот не е е направена некаква активност во врска со реализацијата. Ќе ја спомнам и патеката Охрид-Св. Стефан, проектирана на 3 милиони денари и потоа симболично оставени 300 илјади денари за да бидат реализирани во текот на оваа година, но за жал нема реализација во овој квартал, вели Ангелоска.
Впечатливо е, вели, и во Програмата за уредување на градежно земјиште, во делот за асфалтирање и реконструкција на улици и патишта за проекти првично биле предвидени средствата во износ од 4 милиони денари, потоа намалени на 2,5 милиони денари, а реализацијата во три квартали е нешто повеќе од 350 илјади денари. Во програмата за ТЛЕР е добро што има детално појаснување за секоја активност што е почнато и завршено, но за крупни проекти и таму чекаме исто појаснување, односно за Адреналинскиот парк, Памп траката и градскиот систем на велосипеди. Во дел од нив три квартали читаме дека е изготвена техничка документација и се чека одобрение за поставување на урбана опрема, два квартал читаме дека поради поскапувањата се врши анализа на пазарот и дека по извршената анализа ќе се премине кон објавување на јавна набавка, но ме радува што се застапени и во Нацрт буџетите, додава Ангелоска.
Сметам дека треба доколку е возможно и во програмите од комуналната областа да имаме еден рок во кои активностите ќе бидат изведени барем приближно два три месеци, со што на тој начин ќе бидат ставени проекти кои ги исполниле предусловите или се на чекор на исполнување на условите за да бидат реализирани. Ние како советници точно ќе ги знаеме причините зошто не се реализирани, а самиот буџет ќе биде пофункционален, пореален и се надевам остварлив, вели Ангелоска.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски истакна дека најголем процент на реализација имаат Програмите за основно образование и јавна чистота, средно образование и тоа е што е најспецифично за целата измината година е изградбата и реконстукција на улици и патишта и системите за одведување и пречистување на отпадни води, додавајќи дека и тие програми кои се под 50% реализација сите имаат плус оствареност во однос на истиот период од минатата година.
Споредбено со 2021 година за третиот квартал доколку се има предвид остварувањето на буџетските приходи се гледа дека имаме зголемување. Остварувањето во 2022 година на основниот буџет е за 13% поголем од остварувањето на наведениот период во 2021 година. Кога станува збор за остварувањето во 2022 година на вкупниот буџет прикажано соодветно е за 6% поголемо од оставрувањето за наведениот период во 2021 година. Вкупното остварување на сите програми во третиот квартал е 68% односно за 14% повеќе во споредба со минатата година, рече Божиновски.
Додаде дека од Програмата за поттикнување на развој на туризмот реализирани се кампањата „Купувај локално“, поставен е хот спот интернет на неколку локации, регистрирани плус 109 нови станоиздавачи, субвенционирани приватните станоиздавачи од мал обем, а има и зголемен процент на реализација на остварени ноќевања за 16 %.
Во Програмата за поддршка на локалниот економски развој има субвенционирање на набавка на велосипеди за граѓаните, субвенционирање на новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии и Фондот за иновации преку издвојување на средства за два проекти. Во однос на ТППЕ конечно Охрид доби ново помало возило и за првпат се добиени за сите 38 пожарникари нова заштитна лична опрема. Во Програмата за спорт реализирани се Охридскиот пливачки маратон, Олимпискиот пливачки маратон, Илинденскиот пливачки маратон, Ватерполо турнир, Карате куп и двата меморијални турнири, вели Божиновски.
Во Програмата за основно образование, додаде, исплатени се стари долгови на ОУ „Григор Прличев“, за вкупно 542 првачиња се исплатени по 3000 денари. Во однос на Програмата за капитални ги наведи и инвестициите купување училишна опрема, училишен мебел, реконструкција на средното училиштето Св. Кирил и Методиј, изработени проекти за Економското училиште и за Гимназијата за партено уредување, електрика,.. кои допрва треба да се спроведуваат. Во Програмата за детска заштита ги напомена активностите за подобрување на условите во објектите „Лихнида“ и „Билјана“. Во однос на Програмата за здравствената и социјална заштита Општина Охрид, вели, ги продолжува активностите за поддршка на невладиниот сектор, споменувајќи го и отворениот Младински Центар.
Во однос на Програмата на Совет на Општина Охрид реализирани се субвенционирање на дел од комуналните трошоци, субвенционирање на трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП Водовод, префрлање на средства до здруженија на граѓани, фондации, хуманитарни организации, стипендиите за ученици целосно се исплатени, помош за прво и второ родено дето. Во третиот квартал кога станува збор за изградба и реконструкција на локални патишта, тука се активностите во село Лескоец и Велгошти. Исто така, изведени се и водоводни линии на улиците „АСНОМ“, „Македонски Просветители“, дел од „Туристича“ и „Кленоец“, како и изградба и санација на резервоари за вода во Лакочереј и Свињишта. Реконструирни се улиците „8-ми Март“, крак од „Дејан Војвода“, „26 Април“, „Веле Марков“, дел од „Мирка Гинова“.., а при крај е и повеќенаменското игралиште во Велгошти, додаде Божиновски.
Н.С.Ј.














