Денес, околу 14 часот, додека траеше седницата на советот на општина Охрид дојде до инцидент, кога советник беше физички нападнат од страна на друг советник, за време на расправа на последните точки на дневен ред. Во тепачката учествуваа советник од ДУИ и од БЕСА, а причините за инцидентот не се познати.

Во тој момент, во општинската сала беа присутни само советниците од позицијата, додека советниците од опозицијата претходно ја имаа напуштено седницата.

Од СВР Охрид го потврдуваат настанот, информирајќи дека околу 14 часот во секторот се јавил советник на БЕСА кој телефонски пријавил дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од колега од ДУИ.

Се преземаат мерки за расчистување на овој настан.

OhridNews