Денес напладне во престолнината на Кина на покана од Македонската амбасада во Пекинг, охридските советниците Дејан Блажески и Коста Трифуноски остварија средба со првиот секретар на дипмоматското претставништво Весна Андреевска.

На средбата се разговарало за впечатоците од работниот престој на советниците во Пекинг, како и за актуелните состојби на политичката сцена во Македонија.

Меѓу другото денес беше и последниот работен ден од семинарот со наслов „Реформи во Јавниот сервис за земјите во развој“, каде во завршниот дел Трифуноски и Блажески имаа презентација на својата земја и град.

Советниците за OhridNews изјавија дека акцент во презентацијата бил ставен на кампањата „Инвестирајте во Македонија“, на горливиот проблем со нашиот јужен сосед, економска анализа на состојбите како и потенцијалите кои ги нуди Охрид како туристичка дестинација.

OhridNews