Советот на Општина Охрид на денешната седница со 12 гласа-За, ја донесе новата иницијатива за трнсформација на МЈП „Проаква“. Дел од советниците на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не треба да се носат  никакви одлуки во врска со транформацијата на ова претпријатие, додека не се направи целосен увид врз неговото работење. По оваа реакција градоначалникот Александар Петрески објасни дека не се работи за нова одлука во врска со трансформацијата на Проаква, туку само се прегласува веќе донесената иницијатива за понатамошно  одлучување за состојбите во ова претпријатие.

-Ова иницијатива ќе покаже дали и какви одлуки ќе се носат за трансформацијата на МЈП Проаква. Ваква иницијатива Советот донесе лани, но според Законот за трговски друштва оваа иницијатива важи само три месеци. Со оглед на тоа дека три месеци се веќе поминати, одлучивме дека има потреба да се донесе повторно.-рече Петрески.

Покрај оваа точка голема дискусија се отвори и за Предлог одлуката  за давање согласност за  кредитно задолжување на МЈП „Проаква“ Струга. Оваа точка се однесуваше на потребата на ова  Јавно претпријатие да земе кредит,  за да ги врати своите долови по основ на стар кредит,  што бил подигнат во 1999 година. Во рамки на расправата по оваа точка, советниците од опозицијата зазедоа став дека ново кредитно задолжување не е потребно, затоа што истото ќе го зголеми неефикасното работење на ова претпријатие. Но градоначалникот и директорот на МЈП Проаква, останаа на своето мислење, дека ваквиот кредит е неопходен. Но и покрај бројните реплики меѓу советниците и голема расправа,  оваа одлука беше усвоена.

Дневниот ред на денешната, 14-та седница  , по предлог на градоначалникот беше надополнет  со уште 6 точки од урбанистичката свера, така што Советот усвои и вкупно 18 предлог одлуки за донесување на локална урбанистичка планска документација.

Е.Е.