Информација со Предлог – одлуки по однос на одлуката за давање на согласност на Одлуката за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква – РЕ Водовод Охрид и Одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води за регулиран период 2018-2020 година на ЈП „Нискоградба“ -Охрид, ќе се најдат на дневен ред на седмата седница на советот на Општина Охрид, што ќе се одржи денеска.

Оваа точка на дневен ред е послена, 42-ра, на денешната седница, на која советот ќе го разгледа и предлог–планот за управување со отпад на општина Охрид за периодот од 2018 -2020 година и програмата за управување со отпад за 2018 година.

Советниците ќе ја разгледаат и Предлог- одлуката за усвојување на Елаборатот за процена на штета од пожар- во општина Охрид на 19 август 2017 година, а ликвидиран на 21.08.2017 година. 

На дневен ред се и предлог одлуките за разрешување и именување членови на управните одбори во ЈП Градски Пазар, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и ЈЗУ „Здравствен Дом“.

Советот ќе расправа и по предлог-одлуките за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности, за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година и утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење дејност.

На дневен ред се и низа точки кои се однесуваат на легализација на бесправно изградени објекти.

OhridNews