Извештаите за работа во 2016 и реализираната програма на одделенијата и секторите при локалната самоуправа ќе бидат дел од точките на дневен ред за кои ќе расправааат советниците на закажаната 69-та седница на советот што ќе се одржи денеска.

На седницата ќе се расправа и за финансиското работење и годишна сметка на училиштата, како и за извештаите за работа и остварени резултати на јавните претпријатија. 

Пред советниците ќе се најдат и предлог одлуките за инвестирање во инфраструктурно уредување на пристапот во објектот ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, исплатата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија, годишниот план за вработување во ЈП „Билјанини извори“ за 2017 година, како и предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување потреба од донесување на проект за инфраструктура за пешачка патека Табана – Канео – Лабино. 

OhridNews