Александар Совкоски во огромна мера ја надополни празнината која настана по повредата и отсуството на Војдан Стојаноски.



– Беше одличен натпревар со доста пресврти, во првиот дел одигравме во грч, во продолжението одигравме појако во одбраната погодивме неколку удари, едноставно се одеше како што посакувавме – рече Совкоски за кого ова беше трет трофеј во кариерата по оние со Николферт и Вардар.

М.П.