Општина Вевчани, на веб страната на Бирото за јавни набавки објави тендерска документација по оглас за барање за прибирање понуди  за партерно уредување на парк во центарот на Вевчани.

– Некогашната самопослуга, што беше диво изграден објект и претставуваше грда слика во центарот на Вевчани,  е отстранета. Општина Вевчани одлучи ова место да го уреди како парк кој ќе претставува ново место за одмор како за туристите така и за граѓаните на општина Вевчани, велат од локалната самоуправа на општина Вевчани.

Во рамки на паркот  е предвидено да се подигне и спомен биста на светски познатиот научник Михајло Пупин, чии семејни корени потекнуваат од Вевчани.

OhridNews