Репрезентациите на Аргентина и Полска обезбедија пласман во осминафиналето од Светското првенство во Катар во групата Ц. Во драматичното трето коло „гаучосите“ ја совладаа Полска со 2:0, а Мексико стигна до пирова победа над Саудиска Арабија 2:1. Поради подобра гол разлика Полска го продолжува натпреварувањето.

Табела група Д

Аргентина 6 (+3)

Полска 4 (0)

Мексико 4 (-1)

Саудиска Арабија 3 (-2)

Во групата Д Австралија ѝ се приклучи на Франција во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако синоќа во завршното коло ја совлада Данска со 1-0 што значеше елиминација на Тунис и покрај сензационалната победа над Франција со идентични 1-0.

Пласманот во осминафиналето на Австралија и ѝ го донесе Метју Леки по еден час игра на дуелот против Данска во Ал Вакра.

Тунис триумфираше во пресметката со актуелниот светски првак со голот Вахби Казри во 58 минута.

Во судиското продолжение Антони Гризман ја смести топката во туниската мрежа, но голот по консултација со ВАР собата беше поништен поради непостоечки офсајд, што предизвика бурни реакции. Фудбалската федерација на Франција најави жалба до ФИФА.

Табела група Д

Франција 6 (+ 3)

Австралија 6 (-1)

Тунис 4 (0)

Данска 1 (-2)

Г.М.