Португалија синоќа обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар откако во рамки на второто коло во групата Х го совлада Уругвај со 2:0 (0-0) предводена од двојниот стрелец Бруно Фернандеш.

Португалија дојде во водство во 54 минута, а победата ја завери од пенал во третата минута од судиското продолжение.

Водечкиот гол првично му беше препишан на Кристијано Роналдо, но подоцна ФИФА објави дека снимката покажува оти стрелец на погодокот е Фернандеш. Истиот играч во финишот беше прецизен од белата точка, откако беше досуден пенал поради играње со рака во шеснаесетникот од Луис Суарез.

Со овој натпревар заврши второто коло во фазата по групи по кое пласман во осминафиналето досега обезбедија Португалија, Франција и Бразил кој вчера оствари минимална победа од 1:0 над Швајцарија во Г групата. Стрелец на победоносниот гол за кариоките беше Касемиро во 83 минута. Претходно, вчера, во истата група, во еден од највозбудливите натпревари досега на Мундијалот, Србија и Камерун одиграа нерешено 3-3.

Во рамки на оваа групата Х, Гана претходно денеска ја совлада Јужна Кореја со 3-2.

Спроти завршното коло, в петок, Португалија е првопласирана во групата со шест бодови, пред Гана (3), Јужна Кореја (1) и Уругвај (1).

OhridNews