Мароко ја приреди првата сензација во нокаут фазата на Светското првенство, совладувајќи ја синоќа репрезентацијата на Шпанија на пенали со 3-0, откако осминафиналниот дуел во Ал Рајан заврши без голови по 120 минути игра.

Мароканскиот херој беше голманот Боно кој во серијата пенали ги одбрани сите удари од белата точка на Шпанија. Непрецизни во шпанскиот состав беа Сарабија, Солер и Бускетс, додека на спротивната страна ударите од белата точка ги реализираа Сабири, Зијеш и Хакими.

Противник на Мароко во четвртфиналето ќе репрезентацијата на Португалија која синоќа убедливо ја совлада Швајцарија со 6:1.

Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0.

Рамос (51, 67), Рафаел Гериро (55) и Леао (90+2) беа стрелци во португалскиот состав во вториот дел, додека почесниот гол за Швајцарија го постигна Мануел Аканџи (58).

OhridNews