Светското првенство во фудбал кое се одржува во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од групите И и Ј, во кои фаворитите Франција и Аргентина успешно ја отворија турнирската кампања.

Во групата И, Франција го совлада Сенегал со 3:1. Двоен стрелец беше Килијан Мбапе, кој повторно ја потврди својата голгетерска форма и беше предводник на „триколорите“ до првите три бода. Во вториот натпревар од групата Норвешка беше убедлива против Ирак и славеше со 4:1.

Во групата Ј, актуелниот светски шампион Аргентина ја победи Алжир со 3:0. Лионел Меси блескаше со хет-трик и ја одбележа вечерта на Мундијалот, додека Австрија со 3:1 ја совлада дебитантската селекција на Јордан.

Денеска на програмата се натпреварите од групите К и Л. Во групата К ќе играат Португалија – ДР Конго и Узбекистан – Колумбија, додека во групата Л се среќаваат Англија – Хрватска и Гана – Панама. Особено внимание привлекува дуелот меѓу Англија и Хрватска, реприза на полуфиналето од Светското првенство во 2018 година.

Со денешните натпревари ќе бидат комплетирани првите кола во сите 12 групи на проширениот Мундијал 2026, на кој за првпат настапуваат 48 репрезентации.

OhridNews