Со два натпревари од осминафиналето продолжи Светското првенство во фудбал.


Репрезентацијата на Мароко убедливо ја совлада Канада со 3:0 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Мундијалот.

Актуелниот првак на Африка до триумфот стигна со два гола на Азедин Унахи, а конечниот резултат го постави Суфијан Рахими. Со оваа победа, Мароко стана првата африканска селекција што двапати изборила место во четвртфиналето на Светско првенство. Тоа последен пат се случи на минатото Светско првенство во Катар бкога мароканците стигнаа до полуфиналето.

Во вториот натпревар, Франција минимално славеше над Парагвај со 1:0. Одлучувачкиот погодок го постигна Килијан Мбапе од пенал во второто полувреме, откако ВАР реагираше по стартот врз Дуе во шеснаесетникот на јуноамериканците.

Франција и Мароко ќе играат меѓусебно во четвртфиналето на Мундијалот.

Вечерва, во рамки на осминафиналето, од 22 часот се среќаваат Бразил и Норвешка. Победникот од овој дуел ќе се пласира во четвртфиналето, каде ќе го чека подобриот од средбата меѓу Мексико и Англија, која се игра по полноќ.

OhridNews
Фото: Х/ФИФА