Шпанија, Португалија и Швајцарија обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал по синоќешните и ноќешните натпревари од шеснаесетфиналната фаза.

Шпанија убедливо ја совлада Австрија со 3:0 и во следната рунда ќе игра против Португалија, која во европското дерби беше подобра од Хрватска со 2:1. Голот вреден осминафинале за Португалија го постигна Гонзало Рамос во 94 минута. Швајцарија, пак, со сигурни 2:0 го елиминира Алжир и го чека победникот од денешниот дуел меѓу Колумбија и Гана.

Нокаут фазата продолжува вечерва со преостанатите три средби од шеснаесетфиналето. Од 20 часот Австралија ќе игра против Египет, од полноќ Аргентина ќе се сретне со Зеленортските Острови, додека во 03:30 часот по полноќ Колумбија ќе се соочи со Гана.

Победниците од дуелите Австралија – Египет и Аргентина – Зеленортски Острови ќе се сретнат меѓусебно во осминафиналето, додека Швајцарија ќе го добие својот противник по натпреварот меѓу Колумбија и Гана.

OhridNews