Селекцијата на Англија ја забележа најубедливата победа во досегашните натпревари на Мундијалот во Русија совладувајќи ја Панама со 6-1 во втората рунда од Г групата.

„Гордиот албион“ пет од шесте погодоци ги постигна во првото полувреме, додека во второто двете селекции постигна по еден погодок за конечни 6-1.  За англичаните во првиот дел два пати прецизни беа дефанзивецот Џон Стоунс и Хари Кејн, додека еднаш погоди Џеси Лингард. Во второто полувреме на 6-0 зголеми Кејн кој комплетираше хет трик, а конечните 6-1 ги постави Панама.

Во последната рунда Англија и Белгија во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првата позиција во Г групата, откако и двете селекции обезбедија пласман во нокаут фазата.

OhridNews