Селекцијата на Бразил приреди вистинска сензација во главната рунда од Мундијалот совладувајќи ја Хрватска со 29-26 (17-13) за први бодови на табелата во групата 1.
Играта на „седум на шест“ на Хрватска не вроди со плод, а Бразил со погодоци на празна мрежа ја „билдаше“ предноста. Таквата игра им донесе четири позитива на полувремето (17-13).
На стартот од второто полувреме не се променија работите и Бразил ја задржа позитивата. „Коцкастите“ дури во втората половина од вториот дел почнаа да ја топат предноста на „кариоките“. Избраниците на Лино Червар стигнаа до минус два но бразилците оддолеаја од притисокот и забележаа сензационална победа.
Хрватските ракометари немаат ниту време, ниту пак простор за тага, бидејќи веќе утре ги очекува средба со домаќинот Германија, а во третата рунда дуел со актуелниот светски шампион Франција.
OhridNews