Селекциите на Данска и Австралија ги поделија бодовите ремизирајќи (1-1) во првиот меч од втората рунда во Ц групата.

Возбудувањата околу головите се случуваа во првиот дел, додека  во второто полувреме двете селекции тактизираа. Данска со голот на Кристијан Ериксен поведоа со 1-0, а „кенгурите“ изедначија во 38-та минута после погодокот на Миле Јединак од белата точка.

Со ремито Австралија стигна до првиот бод во групата, а данците до четвртиот и во последната рунда против Франција ќе бркаат пласман во нокаут фазата.

OhridNews