Вечерашните четири мечеви во второто коло во главната рунда можат да го дадат одговорот кои селекции ќе обезбедат пласман во полуфиналето на Мундијалот во Германија и Данска.

Овој пат возбудувањата ќе ги најават селекциите од втората група односно репрезентациите на Шведска и Норвешка. Ракометарите на Норвешка немаат право на грешка, додека Шведска со победа сигурно ќе биде дел од ТОП 4.

Во групата еден, таков меч е средбата помеѓу Хрватска – Германија. Бразил и ги замрси сметките на Хрватска и сега Червар и неговата дружина ќе треба да се враѓаат против домаќинот кој е во страшен налет. Не очекуваат возбудливи мечеви и атомски ракомет.

Двојки:

Група 1: Шпанија – Бразил (18ч), Хрватска – Германија (20:30ч)

Табела: Франција 7, Германија 5, Хрватска 4, Шпанија 2, Бразил 2, Исланд 0

 

Група 2: Шведска – Норвешка (18ч), Египет – Данска (20:30ч)

Табела: Данска 6, Шведска 6, Норвешка 4, Унгарија 3, Египет 1, Тунис 0

OhridNews