Главната рунда од Светското првенство во Германија и Данска е пред финална разврска, откако на програмата се мечевите од последното трето коло.

Дилеми во групата 1 има околу првата позиција, додека сигурно патници во полуфиналето се Германиј и Франција. Во групата 2 има повеќе неизвесност. Сите погледи ќе бидат вперени во дербито помеѓу Данска и Шведска (20:30ч). Исходот од овој натпревар ќе го чека и Норвешка која два и пол часа претходно го игра мечот со Унгарија.

Двојки:

Група 1: Бразил – Исланд 15:30ч, Франција – Хрватска 18ч, Германија – Шпанија 20:30ч

Табела: Германија 7, Франција 7, Хрватска 4, Шпанија 4, Хрватска 4, Бразил 2, Исланд 0

 

Група 2: Тунис – Египет 15:30ч, Норвешка – Унгарија 18ч, Данска – Шведска 20:30ч

Табела: Данска 8, Шведска 6, Норвешка 6, Унгарија 3, Египет 1, Тунис 0

OhridNews