Ракометниот Мундијал во Германија и Данска е пред финална завршница. Светското првенство вечерва ќе го добие својот шампион кој две години гордо ќе го носи епитетот најдобар во светот.

Во мечот вреден златен медал ќе се сретнат скандинавските земји Норвешка и Данска, а сите возбудувања ќе ги најават Германија – Франција во малото финале.

Норвешка и Данска се сретнаа во групите на овој Мундијал и данците победија но тоа не значи ништо, бидејќи мотивите се други во финалето и фазата по групи. И протагоностите во натпреварот за трето место се сретнаа во групите и одиграа нерешено.

Двојки:

3-то место: Германија – Франција (14:30ч)

Финале: Норвешка – Данска (17:30ч)

OhridNews