Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд по долга апситентиција доби повик во англиската селекција.


Селекторот на “гордиот албион“, Рој Хоџсон долго време го избегнуваше Фердинанд поради конфликтот на Тери и неговиот брат Антон Фердинанд.

Хоџсон наиде на големи крикити откако го изостави Фердинанд од списокот за Европското првенство во Полска и Украина. По повредите на Смајлинг, Џонс и Јагиелка, повлекувањето на Тери од селекцијата остави простор за Фердинанд за враќање во составот на Англија.

“Гордиот албион“ во престојните квалификациски натпревари за СП во Бразил ќе се сретне со Сан Марино и Црна Гора.

Мх.П.