Србите во Хрватска дојдоа со големо полициско обезбедување, а УЕФА го прогласи мечот за натпревар од висок ризик. Според најавите на двата селектори Михајловиќ (Србија) и Штимац (Хрватска), репрезентациите на “Максимир“ ќе атакуваат на трите бода.
Михајловиќ ги предупредил сите репрезентативци дека секој неспортски потег или црвен картон ќе биде оштро санкциониран со бришење од селекција додека е тој селектор.