Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски за престојниот квалификациски натпревар со Белгија најави одредени освежувања во селекцијата. На првиот од двата натпревари одигран во Скопје, “рисовите“ претрпеа пораз 2-0, а Јаневски сака поволен резултат од гостувањето во Брисел.

– Повикав поголем број на играчи токму затоа, за да ја освежам селекцијата кога тоа ќе биде потребно. Евидентно е дека некои играчи не можат да го издржат темпото, затоа што немаат добар натпреварувачки ритам во клубовите, а јас не сакам да се преоптоварат, па, не дај Боже, да се повредат како Иван Тричковски во Глазгов. Затоа,ќе има неколку промени во првиот состав на утрешниот натпревар против Белгија- вели за “Екипа.мк“, селекторот Јаневски.

Во составот на Македонија поради жолти картони ќе недостасуваат Мухамед Демири и дефанзивецот Бобан Грнчаров.

Мх.П.